ВИКЕНД СО ДОЖД И НЕВРЕМЕ Циклон од Јонското Море донесува нестабилно време

Под влијание на циклонска активност со центар над Јонското Море, претстојниот викенд – сабота и недела (24 и 25 мај) – во земјава се очекува претежно облачно време со чести и интензивни врнежи.
Според метеоролозите, дождот повремено ќе биде обилен и пороен, со локална појава на грмежи, а на некои места може да се развијат и невремиња со засилен ветер и интензивни врнежи во краток период.
Метеоролозите најавуваат смирување на времето од понеделник, но нестабилноста може да продолжи и во првите денови од следната недела.
CATEGORIES Македонија


