(ВИДЕО) ПРОФЕСОР ЈАНЕВ ОБЈАСНУВА – Македонија изиграна во ООН во 1993, дипломатски грешки што нè чинеа иденитет
Стручната анализа на професорот Јанев отвора прашања што со децении се избегнуваат

Фото: Национал
Професорот Игор Јанев во своето излагање ја објаснува суштината на македонските проблеми од осамостојувањето до денес. Тој посочува како Македонија била изиграна при приемот во Обединетите нации во 1993 година, истакнувајќи дека незнаењето и недоволната стручност во македонската дипломатија довеле до низа погрешни надворешно-политички потези. Професорот ја разгледува и поврзаноста меѓу Договорот со Бугарија и Преспанскиот договор, објаснувајќи како, според него, овие документи влијаат на анулирањето на македонскиот идентитет. Сето ова подетално можете да го проследите во излагањето на професорот Јанев на Институтот за политички студии во Белград.
CATEGORIES Македонија
TAGS Топ вест


