(ВИДЕО) ПРЕСВРТ ВО „27 АПРИЛ“ – Вилијам Гајда со нови докази на гостување во подкаст кои можат да променат сè

Новите факти и документи можат да ја променат судбината на случајот за кој Македонија зборува со години.

(ВИДЕО) ПРЕСВРТ ВО „27 АПРИЛ“ – Вилијам Гајда со нови докази на гостување во подкаст кои можат да променат сè
Фото: Национал

Вилијам Михајловски Гајда, член на Извршниот комитет на „Единствена Македонија“ и претседател на Комисијата за внатрешна безбедност, одбрана, правда и политички затвореници, гостуваше во подкастот „Основано сомнение“ со Јанаки Митровски. Тој детално зборуваше за настаните поврзани со „27 април“ – од влегувањето во Собранието до монтираниот политички процес, во кој неправедно е осуден на 13 години затвор.

Михајловски исто така повика набрзо да се даде приоритет на неговите два поднесоци од 13 октомври: Барањето за повторување на постапката до Основниот кривичен суд Скопје и Иницијативата до Јавното обвинителство за подигнување на барање за заштита на законитоста. Овие два правни лекови, поднесени пред повеќе од еден месец, отвораат можност за драматичен пресврт во случајот „27 април“, бидејќи во нив се приложени нови факти и докази, кои се доволни за повторно отворање на главната расправа.

Вилијам Гајда ја повтори емотивната порака по четвртата жртва во затворот за 27 април: „Системот нè убива, еден по еден“ и затоа апелира до судот и обвинителството да се даде приоритет на неговите два правни лекови и во најскоро време да се одлучи по нив.

CATEGORIES
TAGS
Share This