(ВИДЕО) ОВА СЕ САМО 9 ПРОЕКТИ – Човекот кој го основа Росоман сега бара доверба за градоначалник

Време е Росоман да го водам домаќински, како вистински градоначалник на сите граѓани

(ВИДЕО) ОВА СЕ САМО 9 ПРОЕКТИ – Човекот кој го основа Росоман сега бара доверба за градоначалник
Фото: Национал

Атанас Стојанов кандидат на партијата Единствена Македонија за градоначалник на Росоман во промотивно видео објави девет од своите бројни проекти што ги предвидува доколку ја добие довербата.

„Погледнете во краткото видео 9 од моите бројни проекти. Ако со свои сили успеав да изградам свој дом, ако во 1996 година успеав во основањето на општина Росоман, ако во два мандат како советник успеав чесно и одговорно да работам воден од правдата и народната власт – тогаш денес, ако Росоман е наш заеднички дом, време е да ја преземам најголемата одговорност“ нагласува Стојанов.

Стојанов влегува во трката за градоначалник подготвен да го вложи своето знаење, искуство и љубов кон општината. Човекот кој го основаше Росоман, денес повторно е пред жителите на Росоман.

„Време е Росоман да го водам домаќински, како вистински градоначалник на сите граѓани“ – вели тој.

Стојанов повикува на гласање за број 12 за доброто на општината, за доброто на Македонија.

„Ние ќе се бориме, од Вас и Вашата волја зависи дали ќе успееме!“ – потенцира Стојанов.

CATEGORIES
TAGS
Share This