ВИДЕО ОД ПУКАЊЕТО ВО СИДНЕЈ – 10 минути ладнокрвно насилство
Полицијата го блокираше домот на осомничениот во југозападниот дел на Сиднеј

Најмалку 12 лица загинаа во пукањето на еврејски собир за Ханука во Сиднеј, кое властите сега го означија како терористички напад. Преку медиумите протече 10-минутно видео од инцидентот, на кое се гледаат двајца вооружени мажи како пукаат во луѓето пред да бидат запрени.
Навид Акрам е идентификуван како еден од осомничените напаѓачи. Полицијата го опколи неговиот дом во Бонириг, југозападниот дел на Сиднеј, а улицата околу куќата е блокирана. Толпа луѓе се собраа околу местото на настанот, но полицијата ги замоли да се повлечат поради опасност.
Семјството на Акрам, според Дејли Меил, го поседува имотот од пред една година. Во соседството, кое е мултикултурно и густо населено, на улиците се слушаа жешки расправии меѓу млади мажи, кои коментираа за ужасните настани на повеќе од 50 километри оддалеченост.
Полицискиот комесар Мал Ланион потврди дека нападот е официјално класифициран како терористички чин, а истрагата ја води антитерористички тим со поддршка на Државната криминална команда.
https://x.com/i/status/2000152801574355160


