(ВИДЕО) ОД КРИТИКИ ДО ФИНАЛЕ – „Југославија“ обезбеди пласман меѓу најдобрите
Настапот на Зејна Муркиќ со песната „Југославија“ отвори жестоки дебати за политиката, сценографијата и пораката на Евровизија.

Пејачката Зејна Муркиќ настапи во првото полуфинале на српскиот евровизиски избор Песма за Евровизију со песната „Југославија“, што предизвика силни реакции и бурни дискусии на социјалните мрежи.
Иако композицијата уште пред настапот беше предмет на критики поради самиот наслов, по изведбата во фокусот се најдоа техничките аспекти на сценскиот перформанс, кои, според дел од публиката, ги засенија нејзините вокални и акробатски способности.
Контроверзиите започнаа уште пред полуфиналната вечер. Официјален профил под името Евровизија Косово ја обвини Србија дека „не може да ја одвои политиката од Евровизија“.
По настапот, вниманието на јавноста се насочи кон сценската изведба. Зејна, облечена во долг елегантен фустан, ја пееше песната додека со помош на кабли беше кревања во воздух, изведувајќи акробации, вртења и дури пеење наопаку. Сепак, токму тие кабли станаа главна тема на коментарите.
Многу гледачи оценија дека техничкото решение го одвлекува вниманието од песната и изведувачката, а критиките најчесто беа насочени кон организаторите, со забелешка дека опремата можела да биде подискретна и помалку забележлива.
Од вкупно 12 натпреварувачи, седум песни обезбедија место во финалето, закажано за 28 февруари. Во завршната вечер ќе настапат: Мирна – „Омаја“, Космос Трип – „Сè е во ред“, Ива Грујин – „Се откривам себеси“, Лорес – „Невидена“, Јанкс – „Сè скрши“, Зејна – „Југославија“ и Ана Машуловиќ – „Љуби ме“.


