(ВИДЕО) КОГА СНЕГОТ СТАНА СВЕТСКО ЧУДО ВО ПРИЛЕП – Работниците од Индија првпат видоа снег и уживаат во белата покривка
За прв пат во животот се сретнаа со снег и го споделија моментот на социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин
Работниците од Индија, ангажирани на изградбата на автопатот Прилеп-Битола и сместени во кампот на „Бехтел и Енка“, за прв пат во животот се сретнаа со снег. Радоста од овој момент ја споделија на социјалните мрежи, каде се забележуваат нивните насмевки и игри во белата покривка.
Снежната покривка создаде несекојдневна сцена во кампот, а индиските работници уживаа во зимската глетка, дружба и смеа. Дел од атмосферата ја овековечија со видеа, кои веднаш го обиколија интернетот, прикажувајќи ја нивната прва „снежна авантура“ во Македонија.
CATEGORIES Македонија
TAGS Топ вест

