(ВИДЕО) ИЗРАЕЛ ОБЈАВИ КАКО ПОЧНАЛ НАПАДОТ – Операција „Лавов рик“ против цели во Иран

Израелските воздухопловни сили објавија видео од почетокот на операцијата „Лавов рик“.

(ВИДЕО) ИЗРАЕЛ ОБЈАВИ КАКО ПОЧНАЛ НАПАДОТ – Операција „Лавов рик“ против цели во Иран
Фото: Принтскрин

Израелските воздухопловни сили објавија на социјалната мрежа X видео од подготовките и почетокот на операцијата наречена „Лавовски рик“, со која беа нападнати цели во Иран.

Според достапните информации, во операцијата учествувале борбени авиони F-35I и F-15I, кои лансирале ракети надвор од иранскиот воздушен простор. Израелските авиони, наводно, прелетале над Ирак и Сирија, што дополнително ја комплицира безбедносната ситуација во регионот.

Сирискиот воздушен простор бил затворен 12 часа, додека американските и израелските сили продолжиле со воздушни напади врз иранска територија. Воздушниот сообраќај во поголемиот дел од регионот бил прекинат, додека Јордан продолжува да одржува одредени транзитни коридори.

На територијата на Сирија и Ирак се пронајдени остатоци од ракети, за кои се тврди дека потекнуваат од израелски напади. Во исто време, израелските сили извршиле напади врз проирански милиции во Ирак, што ја зголемува тензијата и ризикот од поширока регионална ескалација.

CATEGORIES
TAGS
Share This