(ВИДЕО) ГОЛМАНОТ ШТО ГО ИЗНЕНАДИ СВЕТОТ – Погледнете како голманот постигна гол од 80 метри

Во 66. минута, шут од својот шеснаесетник доведе до еден од најнеобичните голови во турското првенство.

(ВИДЕО) ГОЛМАНОТ ШТО ГО ИЗНЕНАДИ СВЕТОТ – Погледнете како голманот постигна гол од 80 метри
Фото: Принтскрин

Во турското првенство беше постигнат еден од најнеобичните голови. Касимпаша на свој терен со 2:0 ја победи Кајзериспор, а главна ѕвезда беше домашниот голман, Андреас Јаниотис, кој го постигна вториот погодок.

Во 66. минута, Јаниотис излезе од својот шеснаесетник и со моќен шут од околу 80 метри ја испрати топката далеку напред. Таа отскокна пред противничкиот шеснаесетник и го изненади голманот на Кајзериспор, завршувајќи во мрежата за неверојатен гол.

CATEGORIES
Share This