(ВИДЕО) ЦРВЕНА ЗВЕЗДА ПОБЕДНИК ВО 178. ВЕЧНО ДЕРБИ – Натпреварот прекинуван поради палење на трибината

Црвено-белите се одлепија на четири бода на врвот на табелата

(ВИДЕО) ЦРВЕНА ЗВЕЗДА ПОБЕДНИК ВО 178. ВЕЧНО ДЕРБИ – Натпреварот прекинуван поради палење на трибината
Фото: Принтскрин

Натпреварот меѓу Црвена звезда и Партизан, одигран на Стадион Рајко Митиќ во рамки на 178. вечно дерби, кратко беше прекинат поради пожар што избувна на јужната трибина.

Инцидентот се случи во 59. минута, веднаш по голот на Марко Арнаутовиќ, кога пламенот брзо се прошири меѓу навивачите. Главниот судија, Павле Илиќ, веднаш се консултираше со надлежните служби и, поради безбедноста на присутните, натпреварот привремено беше прекинат, а фудбалерите се повлекоа од теренот.

Црвено-белите одиграа шампионски натпревар и го победија градскиот ривал со убедливи 3-0. Со овој триумф, Црвена звезда се одлепи на четири бода пред Партизан на врвот од табелата во српската Супер лига.

Водството го донесе Василиј Костов во петтата минута од судиското продолжение на првиот дел. Во 56. минута, Марко Арнаутовиќ го удвои водството, а конечните 3-0 ги постави Александар Катаи во 77. минута.

Ова е најубедливата домашна победа на Црвена звезда во дербито по триумфот од 4-1 во 2008 година. Партизан и по девет години останува без победа на гостувањата на „Рајко Митиќ“, последен пат триумфирајќи во 2017 година, кога ја освои и последната од своите 27 шампионски титули.

CATEGORIES
Share This