(ВИДЕО) ЦРН ДЕН ЗА МОСКВА Украина го разнесе рускиот нафтовод
Украинската разузнавачка служба порача: Ќе гори сè додека агресорот не се повлече

Украина го погодила рускиот нафтовод „Дружба“ во Тамбовската област, пренесува Ројтерс повикувајќи се на извор од украинската воена разузнавачка служба ГУР. Според информациите објавени од порталот nv.ua, експлозијата се случила во близина на селото Казински Вислки, на делницата од нафтоводот Таганрог-Липецк.
ГУР соопшти дека во нападот биле употребени експлозиви со далечинско активирање, како и дополнителни запаливи материи за да се предизвика поголемо согорување. Локални жители изјавиле дека слушнале силна детонација, проследена со татнеж и светкава блескавица.
Изворот на nv.ua нагласил дека украинските напади врз руската нафтена инфраструктура ќе продолжат „сè додека агресорот не се повлече од обидите да ја нападне Украина“.
Ова е веќе петти напад врз истиот нафтовод, кој вообичаено испорачува нафта кон Унгарија и Словачка, наведуваат претставници за Ројтерс.
Гувернерот на регионот, Евгениј Первишов, претходно соопшти дека пожар избувнал и во нафтено складиште како резултат на украински удар со беспилотни летала. Тој информираше дека на местото биле распоредени пожарникари и сите неопходни служби.
Руското Министерство за одбрана тврдеше дека ноќта биле пресретнати и уништени 102 украински дронови над повеќе руски области: 26 над Белгород, 22 над Брјанск, 21 над Курск, 16 над Ростов, 7 над Астрахан, 6 над Саратов и 4 над Воронеж.


