ВЕРСКИ ОБРЕД ВО ПОЛИЦИСКИ ДВОР – МВР отвора постапка

Одделот за внатрешна контрола ги проверува околностите околу објавените фотографии

ВЕРСКИ ОБРЕД ВО ПОЛИЦИСКИ ДВОР – МВР отвора постапка
Фото: Принтскрин

Министерството за внатрешни работи отвори постапка поради фотографии објавени на социјалните мрежи, на кои се гледа изведување верски обред врз службени полициски возила во дворот на институцијата.

Од МВР информираат дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ги проверува сите околности поврзани со настанот. Додека трае постапката, Министерството не открива повеќе детали, а по нејзиното завршување ќе ги соопшти конечните наоди.

Фотографиите предизвикаа широки реакции во јавноста. Дел од граѓаните ги гледаат како традиционален православен обичај, додека други сметаат дека чинот е несоодветен за државна институција и го нарушува принципот на секуларност.

Од Министерството најавуваат дека по комплетирањето на внатрешната проверка ќе биде објавено официјално соопштение.

CATEGORIES
TAGS
Share This