ВЕНЕЦУЕЛА НЕПОДГОТВЕНА – С-300 системот не бил оперативен за време на нападот

Американските официјални лица откриваат дека венецуелската војска немала доволно експертиза за С-300.

ВЕНЕЦУЕЛА НЕПОДГОТВЕНА – С-300 системот не бил оперативен за време на нападот
Фото: Архива

Според „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на американски официјални лица и експерти, венецуелската војска немала доволно експертиза за ракување со рускиот систем за воздушна одбрана С-300, што го направило нејзиниот воздушен простор ранлив за време на американската инвазија.

И покрај предупредувањата за можна инвазија со месеци однапред, системите за воздушна одбрана на Венецуела не биле поврзани со радари. Некои компоненти биле складирани и не функционирале во критичниот момент.

Земени заедно, овие информации укажуваат дека Венецуела не била подготвена за американската агресија.

CATEGORIES
TAGS
Share This