ВЕЧЕРВА ИЗЛОЖБА ВО КСП ЦЕНТАР – ЈАДРО „Мрежи замесени, очи претечени, процеси пер-течени“
Изложбата истражува како пристапот, сопственоста и контролата влијаат врз демократската природа на јавниот простор.

Вечерва во КСП Центар – Јадро ќе биде отворена изложбата „Мрежи замесени, очи претечени, процеси пер-течени“, дел од континуираната читачка група што пет години функционира во рамките на програмата за критичка теорија и современа уметност.
Проектот оваа година го проширува форматот со уметничко истражување кое ја поврзува теоријата со практиката, фокусирајќи се на темата „Јавен простор – Место за конфликт“. Изложбата истражува како пристапот, сопственоста и контролата влијаат врз демократската природа на јавниот простор.
Уметниците Ивана Мирчевска, Елена Чемерска и Амир Карахасан, во рамки на процес модериран од Ивана Драгшиќ, ја истражуваат улогата на телата, гестовите и блискоста како облик на отпор и колективно преосмислување на јавниот простор. Настанот е поддржан од Министерството за култура.


