ВАЖЕН СОВЕТ ЗА ВО ЛЕТО – Ова се работи кои не треба да ги чувате во автомобилот

ВАЖЕН СОВЕТ ЗА ВО ЛЕТО – Ова се работи кои не треба да ги чувате во автомобилот

Автомобилот е составен дел од секојдневието, но летните температури можат да го претворат во потенцијално опасна средина за одредени предмети и производи. Експертите предупредуваат на неколку секојдневни работи кои никогаш не треба да се оставаат во возилото на високи температури.

1. Лекови

Многу лекови имаат строго дефинирани температурни ограничувања. На пример, парацетамолот не треба да се чува над 25°C. Кога се изложени на топлина, лековите може да ја изгубат својата ефикасност или да станат небезбедни за употреба. Затоа, секогаш проверувајте ја етикетата на лекот за препорачаните услови за чување.

Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC), температурата во возило оставено на сонце може за само еден час да порасне од 26°C на над 50°C – доволно за да се оштетат многу медицински препарати.

2. Вода во пластични шишиња

Иако во лето е важно да се носи вода, исто толку важно е да не се оставаат пластични шишиња подолго време во автомобил. Под влијание на високите температури, пластиката може да ослободи хемикалии како полиетилен-терефталат (PET) во водата. Овие супстанци можат да влијаат на вкусот, бојата и евентуално на безбедноста на водата, иако последиците сѐ уште се предмет на истражување.

3. Креми за сончање

Кремите за сончање се клучни за заштита од УВ зрачење, но подложни се на оштетување при високи температури. Експертите предупредуваат дека топлината може да ја намали нивната ефикасност, слично како кај лековите. Дополнително, високите температури можат да предизвикаат шишето да се подуе, па дури и да експлодира, оставајќи неред во автомобилот.

CATEGORIES
Share This