ВАШИНГТОН ПРИТИСКА, ТОКИО СЕ ДВОУМИ Рускиот гас од Сахалин клучен за Јапонија
Според јапонскиот заменик-министер за финансии Муто, Токио од почетокот на руската инвазија врз Украина постепено ја намалува зависноста од руската енергија, но не најави целосен прекин на соработката.

Американскиот секретар за финансии, Скот Бесант, минатата недела му порачал на својот јапонски колега Кацунобу Като дека администрацијата на Доналд Трамп очекува Јапонија целосно да прекине со увозот на руски енергенси.
Според јапонскиот заменик-министер за финансии Муто, Токио од почетокот на руската инвазија врз Украина постепено ја намалува зависноста од руската енергија, но не најави целосен прекин на соработката.
Муто нагласи дека течниот природен гас од проектот Сахалин-2 останува од витално значење за јапонската енергетска стабилност, бидејќи обезбедува околу три проценти од вкупното производство на електрична енергија во земјата.
Иако официјален Токио не ја коментираше изјавата на Бесант, експертите предупредуваат дека целосен прекин со рускиот гас би можел сериозно да ја наруши енергетската рамнотежа и да ја зголеми зависноста од поскапите извори на енергија од Блискиот Исток и Австралија.

