ВАШИНГТОН ЦЕНТАР НА ДИПЛОМАТИЈАТА Трамп ги собра европските лидери и Зеленски

Во меѓувреме, преку својата мрежа Truth Social, Доналд Трамп го повика украинскиот претседател да се постигне договор кој би ставил крај на три и полгодишниот конфликт со Русија.

ВАШИНГТОН ЦЕНТАР НА ДИПЛОМАТИЈАТА Трамп ги собра европските лидери и Зеленски
Фото: Принтскрин

Денеска во 13:15 часот по локално време (19:15 часот по средноевропско време) во Белата куќа ќе се одржи билатерална средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија од администрацијата на Трамп.

По оваа средба, во 15:00 часот (21:00 часот по наше време) е закажан и мултилатерален состанок на кој ќе учествуваат највлијателните европски лидери кои пристигнуваат во Вашингтон, каде ќе се разговара за иднината на Украина и можностите за мир.

По доаѓањето во САД, Зеленски изјави дека е уверен оти „заедничката сила“ на Украина со американските и европските партнери може да ја принуди Русија да стави крај на војната.

Во меѓувреме, преку својата мрежа Truth Social, Доналд Трамп го повика украинскиот претседател да се постигне договор кој би ставил крај на три и полгодишниот конфликт со Русија.

CATEGORIES
TAGS
Share This