УТРОВО НАЈСТУДЕНО ВО БЕРОВО До крајот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе се движи од 13 до 19 степени.

УТРОВО НАЈСТУДЕНО ВО БЕРОВО До крајот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Берово со -4 степени беше најстудено утрово и единствено со минусна температура. Во Крива Паланка, Струмица и Маврово беше 0 степени, во Скопје и Демир Капија 1, а во Прилеп, Битола, Тетово, Крушево и Претор 2 степени. Најтопло беше во Гевгелија со 9 степени.

Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе се движи од 13 до 19 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала облачност и слаб северен ветер, а максималната температура ќе достигне 16 степени.

CATEGORIES
Share This