УТРОТО ПОСТУДЕНО Преку ден ќе преовладува сончево време
Следува стабилен и сув период со постудени утра и постепен пораст на дневните температури, особено за време на викендот.

Утрото ќе биде постудено со можност за магла во котлините и речните долини. Преку денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб јужен ветер.
Температурите ќе се движат од -3 до 4 степени минимални и од 16 до 21 степен максимални.
Во Скопје, утрото ќе биде магливо и свежо, а преку денот сончево со мала облачност. Температурата ќе биде од 2 до 18 степени.
Следува стабилен и сув период со постудени утра и постепен пораст на дневните температури, особено за време на викендот.
CATEGORIES Македонија


