УТРИНСКИ ДОЖД – Попладне намалување на облачноста
Во источните делови повремен дожд, на планините слаб снег, попладне разведрување

Времето денеска (28.01) ќе биде претежно облачно, со повремен локален дожд во источните предели, додека на повисоките места ќе има мешани врнежи од дожд и снег, а на планините слаб снег и со температура во интервал од 1 до 12 степени – информнираат од Управат за хидрометеоролошки работи на Македонија. Во попладневните часови, во западните делови се очекува намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Во Скопје и околината, променливо облачно, претпладне со повремен дожд, додека попладне облачноста постепено ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната дневна температура ќе достигне околу 11 степени Целзиусови. Атмосферскиот притисок ќе изнесува 972 hPa, релативната влажност 65%, а брзината на ветерот околу 3 m/s.

