УТРИНСКА АКЦИЈА НА МВР ВО СКОПЈЕ – На удар групата „Беланоца-Барон“
Акцијата е резултат на обезбедени докази во рамките на истражната постапка што се спроведува против членовите на криминалната група „Беланоца-Барон“.

Фото: Национал
Утрово под раководство на надлежен обвинител што постапува во предметот под кодно име „Бункер“, единиците на МВР вршат претреси на пет локации во Скопје, велат од ОЈО ГОК.
Акцијата е резултат на обезбедени докази во рамките на истражната постапка што се спроведува против членовите на криминалната група „Беланоца-Барон“.
Со повеќе информации обвинителството ќе излезе во текот на денот.
CATEGORIES Македонија


