УТРЕ ЌЕ БИДЕ ПОЈАСНО Таравари останува со Мицкоски или седнува во скутот на Ахмети

Премиерот Христијан Мицкоски, најави дека утре ќе има средба со Арбен Таравари за идното функционирање на владата.

УТРЕ ЌЕ БИДЕ ПОЈАСНО Таравари останува со Мицкоски или седнува во скутот на Ахмети

Премиерот Христијан Мицкоски, најави дека утре ќе има средба со Арбен Таравари за идното функционирање на владата. Тој рече дека сака од Таварави да слушне јасен став дали има договор на партијата на Таравари со ДУИ за идно заедничко функционирање на локалните избори.

„Мислам дека за утре е закажана средба со Таравари за идното функционирање на Владата, и сакам да слушнам став од Таравари дали е точно има договор помеѓу неговата партија и ДУИ за идните локални избори, каде што тој ќе извади кандидати, а ДУИ нема да извади кандидати. Тоа значи себепонижување како политичка партија, а второ дека тивко ќе го поддржува ДУИ, тоа е за мене неприфатливо како претседател на Влада“, изјави Мицкоски на прашање на ТВ21.

Да потсетиме, дека пред два дена лидерот на ДУИ и лидер на Европскиот фронт, Али Ахмети, го нарече храбар чекорот на лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари, кој повеќе не е дел од ВРЕДИ, по несогласувањата во коалицијата.

„Секако, го цениме храбриот чекор на г-динот Таравари, кој многу порано разбра дека оваа влада не е ништо повеќе од антиалбанска влада, бидејќи дојде на власт со антиалбанска платформа“, порача Али Ахмети.

На прашањето дали има простор за соработка со Таравари на Европскиот фронт Ахмети со одговор:

„Сè уште нема финални разговори. ДУИ сè уште не ги свика раководните тела на партијата. Мислам дека во рок од една недела ќе бидат повикани највисоките партиски тела. Ќе бидат разгледани сите ситуации“, додава Али Ахмети.

CATEGORIES
TAGS
Share This