УСТАВНИОТ СУД ЈА ЗАПРЕ ПОСТАПКАТА – Линеарното зголемување на пензиите останува во сила

Пензионерите ќе ја добијат мартовската пензија зголемена за 1.000 денари.

УСТАВНИОТ СУД ЈА ЗАПРЕ ПОСТАПКАТА – Линеарното зголемување на пензиите останува во сила
Фото: Принтскрин

Линеарното зголемување на пензиите продолжува да важи, откако отпадна сомнежот за неуставност на оспорениот закон. На денешната седница, Уставниот суд ја запре постапката, што значи дека сите пензионери во април ќе ја добијат мартовската пензија зголемена за 1.000 денари.

На 19 ноември 2025 година, Уставниот суд започна постапка за оценка на уставноста на член 2 од Законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 154/2025). Предлогот за одлучување беше ставен на дневен ред за 28. седница на Судот, одржана на 24 декември 2025 година. Предлогот на судијата известител не доби потребно мнозинство гласови.

„Во вакви случаи, кога предлогот за конечна одлука не добива мнозинство, Судот ја запира постапката, но актот останува дел од правниот поредок“ – информираат од Уставниот суд.

Исто така, останува во правен промет и одредбата за потрошувачите (од 1. точка), за која не беше поведена посебна постапка. За прашањата поврзани со промена на имињата во општина Тетово, Уставниот суд започна посебна постапка.

CATEGORIES
Share This