УСТАВЕН СУД – Платите на судиите се света работа и не смее никој да чепка и да ги намалува

Намалувањето на плати би ја загрозило автономијата на судиите, велат од судот.

УСТАВЕН СУД – Платите на судиите се света работа и не смее никој да чепка и да ги намалува
Фото: Принтскрин

Во рамки на денешната седница, Уставниот суд донесе одлука за поведување постапка за оценување на уставноста на измените на Законот за платите на судиите. Целта е заштита на судската независност од влијанието на извршната и законодавната власт. Промените во Законот предвидуваат намалување на коефициентите за пресметка на судиските примања, што, според судот претставува директен упад во финансиската независност на судиите и е спротивно на меѓународните стандарди.

Од Уставниот суд нагласуваат дека платите на судиите не се техничко, туку статусно прашање, кое според меѓународните стандарди не смее да се намалува, дури ни во услови на економска криза. Тој истакна дека одлуката не значи зголемување на платите, туку спречување на понатамошно намалување, како заштита на уставните прерогативи за независност и самостојност на судската власт.

Уставните судии исто така посочија дека при намалувањето на коефициентите не се наведени оправдани причини, ниту во мислењето на Владата, ниту во Предлог-законот, а секој закон мора да биде соодветно образложен.

Дополнително, Судот одлучи да ја одложи расправата за измените и дополнувањата на Кривичниот законик до нивното официјално влегување во правниот поредок, да поведе постапка за одредби од Законот за управување со движењето на предметите во судовите, кои се однесуваат на јавноста и објавување на неправосилни судски одлуки, како дел од транспарентноста и за враќање доверба на граѓаните во судскиот систем и да не поведе постапка за блоковската поделба на тарифите за потрошувачка на електрична енергија, со што остануваат во сила сегашните правила утврдени од Регулаторната комисија за енергетика.

Во однос на пензиите, Судот не донел одлука за линеарното зголемување на пензиите, поради изедначени гласови. Одлуката ќе биде донесена откако ќе се пополнат слободните места со нови судии.

CATEGORIES
TAGS
Share This