УСТАВЕН ШОК ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ – Кацарска бара укинување на линеарното зголемување на пензиите

По предлог на судијката Добрила Кацарска, Уставниот суд отвори постапка за оценка на законитоста на линеарното зголемување на пензиите, со кое стотици илјади пензионери годинава добија по 2.000 денари.

УСТАВЕН ШОК ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ – Кацарска бара укинување на линеарното зголемување на пензиите
Фото: Принтскрин

Македонското судство повторно е во центарот на контроверзии, овојпат по иницијатива на судијката Добрила Кацарска. По нејзин предлог, Уставниот суд одлучи да започне постапка за оценување на уставноста на линеарното зголемување на пензиите, со кое македонските пензионери годинава добија по 2.000 денари во две фази – наесен и следната пролет. Со оваа мерка беа опфатени стотици илјади граѓани.

Најконтроверзниот момент во соопштението на Уставниот суд е сомнежот дека со линеарното зголемување можела да се создаде дискриминација помеѓу пензионерите со повисоки и со минимални пензии. Од социјален и општествен аспект, овој аргумент изгледа апсурдно, особено затоа што пензионерите кои порано се бунеа против линеарното зголемување, во јули 2025-та го пофалија потегот на премиерот Христијан Мицкоски и ја прифатија мерката.

Во своето соопштение, Уставниот суд наведува:

„Станува збор за одредба со која се зголемуваат пензиите, односно редовното усогласување на пензиите врз основ на порастот на плати и трошоци на живот се заменува со линеарна распределба на средствата подеднакво за сите пензионери, без оглед на висината на пензијата, стажот и уплатените придонеси. Судот изрази сомнеж дека ова решение можеби нарушува принципите на социјална праведност, еднаквост и правна сигурност, и дека се поставува прашањето дали со оспорената одредба се ограничува правото на сопственост на пензионерите со повисоки пензии.“

Според Европскиот суд за човекови права, разликата во третманот се смета за дискриминација доколку „нема објективно и разумно оправдување“ или ако не постои „разумна врска на пропорционалноста помеѓу средствата и целта што треба да се постигне“.

Иако Уставниот суд сега ја отвора оваа постапка, реалноста е дека пензионерите кои порано протестираа против линеарното зголемување, веќе го смениле ставот. На 18 јули 2025-та, тие јавно изјавија дека се задоволни од зголемувањето на пензиите за 2.000 денари и дека ја ценат мерката на премиерот.

Трајче Станојков, претседател на Иницијативниот одбор на пензионери, рече:

„Ако гледате математички, лани ни дадоа 5.000 денари, а сега 2.000 денари, што е значително за период од година и пол. Линеарното зголемување е правично за работниците со ниски пензии, кои би добиле многу помалку со процентуално зголемување.“

Сепак, за Кацарска и мнозинството во Уставниот суд, овие аргументи не беа доволни, што создава ризик дека бенефитот за стотици илјади пензионери може да биде поништен.

CATEGORIES
TAGS
Share This