УШТЕ ЕДНО СКАНДАЛОЗНО ОДНЕСУВАЊЕ Момче нападнал полицаец

Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против 20-годишниот В.С. од Штип, кој се сомничи за кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Инцидентот се случил на 29 јуни 2025 година, кога младиот штипјанец управувал патничко возило со 0,84 промили алкохол во крвта. Откако полициските службеници му наредиле да се исклучи од сообраќајот, тој се обидел да побегне и при тоа физички нападнал еден од полицајците.
Надлежните информираа дека против него е поведена соодветна постапка, а случајот ќе биде процесуиран по редовна процедура.
CATEGORIES Македонија


