УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА ЌЕ ЈА ПРИЗНАЕ ПАЛЕСТИНА Ова е удар кон Израел и САД

Австралискиот премиер Ентони Албанезе би можел да го потпише признавањето на палестинската држава во рок од неколку дена, по денешната редовна седница на кабинетот, објави еден австралиски весник повикувајќи се на неименувани извори. Кабинетот на премиерот засега нема дадено официјален коментар.
Франција и Канада минатиот месец најавија дека ќе ја признаат палестинската држава, додека Велика Британија изјави дека ќе го следи примерот, освен ако Израел не ја реши хуманитарната криза на палестинските територии и не постигне примирје. Израел ги осуди овие најави, оценувајќи дека признавањето би било „награда за Хамас“, кој управува со Појасот Газа.
Албанезе, кој е силен поборник за решението со две држави, истакна дека неговата влада ја поддржува безбедноста и правото на постоење на Израел, но и правото на Палестинците на сопствена држава. „Реков дека прашањето е кога, а не дали“, изјави премиерот во саботата од Нов Зеланд.


