УНГАРИЈА СО ОСТРА РЕАКЦИЈА Заканите на Зеленски се напад врз нашиот суверенитет

Унгарската влада остро ги отфрли заканите на украинскиот претседател Володимир Зеленски и ја повика соседната земја да престане да ја загрозува енергетската безбедност на Унгарија.

УНГАРИЈА СО ОСТРА РЕАКЦИЈА Заканите на Зеленски се напад врз нашиот суверенитет

Министерот за надворешни работи Петер Сијарто во објава на „Фејсбук“ нагласи дека Зеленски „шокантно ѝ се заканил на Унгарија“ на прес-конференцијата што ја одржа заедно со канадскиот премиер Марк Карни, пренесе агенцијата МТИ.

Сијарто истакна дека во последните неколку дена Украина започнала сериозни напади врз безбедноста на снабдувањето со енергија на Унгарија. Тој додаде дека унгарската влада таквите напади ги смета за директни удари врз суверенитетот на земјата.

„Кршењето на нашиот суверенитет не може легитимно да се објасни со војна со која ние немаме никаква врска,“ порача Сијарто, апелирајќи до Зеленски да престане да ѝ се заканува на Унгарија и да ја загрозува нејзината енергетска безбедност.

Претходно денеска, на прес-конференција, Зеленски одговарајќи на прашање во врска со нападот врз нафтоводот „Дружба“ – кој предизвика прекин на протокот на руска нафта кон Унгарија – изјави дека „пријателството меѓу Украина и Унгарија зависи од ставот на Унгарија“.

CATEGORIES
Share This