УНГАРИЈА ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ЕУ ЗА УКИНУВАЊЕ НА РУСКИОТ ГАС Најавена тужба пред Судот на правдата
Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, изјави дека целта е целосна енергетска независност од Русија.

Унгарија најави дека ќе ја тужи Европската Унија поради одлуката за постепено укинување на увозот на руски гас. Според мерките усвоени на 3 декември, увозот на течен гас ќе се забрани до крајот на 2026, а гасот преку цевководи ќе се укине до есента 2027 година.
Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, изјави дека целта е целосна енергетска независност од Русија. Унгарија, како земја силно зависна од руски гас, оценува дека одлуката е неспроведлива и ќе ја оспори пред Судот на правдата на ЕУ.
CATEGORIES Свет


