УМЕТНОСТА ПОВРЗУВА, Македонски уметници на меѓународната изложба „Butterflies in the Soul“ во Братислава
Настанот ќе собере уметници од повеќе европски земји, меѓу кои годинава и двајца истакнати претставници од Македонија.

Од 14 до 30 август 2025 година, на Западната тераса на Братиславскиот замок во Словачка, ќе се одржи третото издание на меѓународната изложба „Butterflies in the Soul“, во организација на невладиното здружение SME ŽENY од Братислава, во соработка со Националниот совет на Република Словачка.
Под мотото „Уметноста поврзува“, настанот ќе собере уметници од повеќе европски земји, меѓу кои годинава и двајца истакнати претставници од Македонија. Филип Фидановски ќе изложи 7 керамички скулптури од својата изложба „Пикасо можеби јас 2“, а Ана Митевска ќе се претстави со 4 слики, акрил и масло на платно, од циклусот „Надеж“.
Претставувањето на македонските уметници е овозможено со финансиска поддршка на Министерството за култура и туризам, поддршка од Македонската амбасада во Братислава и организациска поддршка на Архифакт од Скопје.


