УЛИЧЕН ДЕФЕКТ ВО УСЈЕ Дел од населбата денеска без вода

Поради уличен дефект, денеска без водоснабдување ќе останат корисниците од улицата „4“ во населбата Усје.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот ќе започне во 09:30 часот и ќе трае до целосно завршување на работните активности на терен.
Од претпријатието апелираат за разбирање кај граѓаните и најавуваат дека снабдувањето со вода ќе биде нормализирано веднаш по отстранување на дефектот.
CATEGORIES Македонија


