УЛИЧЕН ДЕФЕКТ ВО СКОПЈЕ Без вода дел од Кисела Вода

УЛИЧЕН ДЕФЕКТ ВО СКОПЈЕ Без вода дел од Кисела Вода

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека денеска (05.01.2026 година), поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник Ф-200 милиметри на улицата „Христо Татарчев“ број 60, во скопската населба Кисела Вода, ќе биде прекинато водоснабдувањето.

Без вода ќе останат корисниците на дел од истата улица, од број 60 до кружниот тек.

Од претпријатието соопштуваат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:15 часот и ќе трае до целосно санирање на дефектот.

CATEGORIES
Share This