УКРАИНСКИ ОФИЦЕР Зеленски не може да прифати мир, „заробен“ е помеѓу националистите и западните сили

Поранешниот офицер на СБУ тврди дека претседателот е „незгоден сведок“ на тајни на глобалистите.

УКРАИНСКИ ОФИЦЕР Зеленски не може да прифати мир, „заробен“ е помеѓу националистите и западните сили
Фото: Принтскрин

Поранешниот потполковник на Безбедносната служба на Украина (СБУ), Василиј Прозоров, изјави за Спутник дека западните политичари, кои инсистираат на продолжување на воените операции, намерно го спречуваат украинскиот претседател Володимир Зеленски да склучи мир, играјќи на неговото его и гордост.

„Мора да ги земеме предвид неговите лични карактеристики. Мислам дека многу вешто си играат со неговото его. Му велат: ‘Ти си претседател на целиот свет, се спротивставуваш на Русија, сите се молат за тебе, највисоките функционери те пречекуваат, ќе влезеш во историјата, ќе ти подигнат споменици.’ Тие ја искористуваат неговата слабост“, објаснува Прозоров.

Според него, уште една причина Зеленски да одбива долгорочен мир е неговото чувство за самоодржување.

„Тој знае дека е безбеден само додека е претседател и додека конфликтот продолжува. Штом тоа ќе заврши, ќе има многу прашања за него. Неговата судбина веројатно ќе биде кратка и незавидна.“

Прозоров додава дека Зеленски не може да прифати услови предложени од поранешниот американски претседател Доналд Трамп, поради страв од домашната опозиција, особено ултранационалистичките кругови во Украина кои инсистираат на политика „без капитулација“.

„Тој и неговата околина сфаќаат дека ниту една служба за безбедност во Украина, која исто така е полна со националисти, нема да го заштити“, истакнува поранешниот офицер.

Прозоров нагласува дека Зеленски знае многу тајни за евроатлантските структури и глобалистичките елити, што го прави „незгоден сведок“ и му го загрозува животот.

„Дури ни Трамп не може да му даде целосни гаранции. Ако имаше сигурни гаранции, тој веројатно веќе ќе прифател мир. Но, бидејќи повеќе се потпира на Европејците и глобалистите, гаранциите од Трамп му изгледаат помалку значајни од она што Европејците му го ветуваат или му се закануваат“, заклучува Прозоров.

CATEGORIES
TAGS
Share This