УКРАИНСКАТА ДЕЛЕГАЦИЈА ПОДЕЛЕНА – Брз договор или продолжување на војната

Кирил Буданов се залага за брз договор посредуван од САД, додека другото крило н делегацијата под влијание на Јермак е повнимателно.

УКРАИНСКАТА ДЕЛЕГАЦИЈА ПОДЕЛЕНА – Брз договор или продолжување на војната

Украинската делегација која учествува на преговорите со Русија во Женева е поделена околу тоа дали да прифати брз мировен договор посредуван од САД или да почека пооптимален момент, известува „Економист“, повикувајќи се на медиумски извештаи.

Едно крило, предводено од началникот на кабинетот на украинскиот претседател, Кирил Буданов, смета дека интересите на Украина најдобро се заштитуваат со брз договор предводен од САД и се плаши дека времето за акција наскоро може да истече.

Другото крило, кое сè уште е под влијание на поранешниот контроверзен началник на кабинетот Андриј Јермак и кој поднесе оставка поради наводна вмешаност во корупциски скандал во енергетскиот сектор, покажува помала заинтересираност за итен договор. Претседателот Володимир Зеленски се обидува да балансира помеѓу двете страни, додека има и свои идеи.

Рускиот претседател Владимир Путин, според „Економист“, не е човек од збор. Некои аналитичари веруваат дека Украина може да ја зајакне својата стратешка позиција со време и преку одбранбени реформи и економски и воени притисоци врз Русија. Ова е во основа ставот на Европа, која настојува да го заштити сопствениот интерес и да купи време за зајакнување на својата одбранбена индустрија.

Сепак, маргината за грешки на Украина е многу мала. Земјата веќе се соочува со криза, се обидува да ги пополни празнините на фронтот, а бизнисите и домаќинствата се борат со прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Идеално, Украина има потреба од траен договор, кој вклучува и цврст безбедносен аранжман со Америка. Но тоа бара Русија да направи отстапки, а не само Украина. За тоа е потребен реален американски притисок врз Русија, а досегашните сигнали не даваат многу надеж дека тоа ќе се случи, пишува весникот.

CATEGORIES
TAGS
Share This