УКРАИНА УДРИ ДЛАБОКО ВО РУСИЈА Уништени руски авиони
Официјалните руски извори засега не го потврдуваат нападот.

Фото: Принтскрин
Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека украинските одбранбени сили извеле напад врз рускиот воен аеродром Борисоглебск, кој се наоѓа во Воронежската област на Руската Федерација.
Според официјалната информација, операцијата била изведена од специјалните сили на Украина во координација со други одбранбени единици. Цел на нападот биле воени авиони стационирани на аеродромот, меѓу кои Су-34, Су-35С и Су-30СМ.
„Погодени се товарен авион што пренесувал водени бомби, авион за борбена обука и најверојатно уште неколку други летала“, се наведува во соопштението на Генералштабот.
Официјалните руски извори засега не го потврдуваат нападот.
CATEGORIES Свет
TAGS Топ вест


