УКРАИНА НЕМА ВОЗДУШНА ОДБРАНА, рускиот масовен напад ја разоткри ранливоста на воздушната одбрана на Киев

Американската поддршка е клучна, но испораките се бавни. САД ветиле нова пратка од 100 ракети, но според експертите, тие би можеле да бидат потрошени за само една до две недели.

УКРАИНА НЕМА ВОЗДУШНА ОДБРАНА, рускиот масовен напад ја разоткри ранливоста на воздушната одбрана на Киев

Најновиот масовен напад на Русија врз Киев го откри алармантното ослабување на воздушната одбрана на Украина, посочуваат воени извори и аналитичари. Во текот на една ноќ, Русија лансираше над 550 проектили и дронови, погодувајќи најмалку 13 цели во главниот град, меѓу кои и критични локации близу Бориспол и Жулјани – дом на системите за противвоздушна одбрана „Патриот“.

Руски извори тврдат дека системите биле тешко оштетени или целосно уништени. „Киев нема да издржи уште еден ваков напад“, изјави рускиот воен аналитичар Јуриј Кнутов.

Стратешката важност на „Патриотите“ за одбраната на Украина е повторно во фокус, особено по информациите дека залихите на ракети се при крај. Германскиот „Тагешшпигел“ и британскиот „Економист“ објавуваат дека производството на овие ракети е бавно, а Украина троши двојно повеќе ракети од Русија за секој пресретнат проектил.

Во меѓувреме, Москва зголемува производството на балистички ракети, а извештаи сугерираат дека најновите модели можат да ја заобиколат американската противвоздушна одбрана.

Експертите предупредуваат: доколку не се обезбедат итни залихи, Киев ризикува сериозни разурнувања и губење на стратешки индустриски објекти. Европа и САД се повикани на брза реакција – пред ситуацијата да стане непоправлива.

CATEGORIES
Share This