УКРАИНА МОЖЕ ДА СОНУВА 80 МИЛИЈАРДИ ОД ЕУ – Унгарија останува христијанска и стратегија „нулта мигранти“

Украина нема да добива финансиска поддршка од ЕУ додека не се обноват испораките на руска нафта.

УКРАИНА МОЖЕ ДА СОНУВА 80 МИЛИЈАРДИ ОД ЕУ – Унгарија останува христијанска и стратегија „нулта мигранти“
Фото: Принтскрин

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес порача дека ставот на Унгарија кон заемот од 90 милијарди евра за Украина останува непроменет: средствата нема да бидат одобрени додека не се обнови испораката на нафта преку нафтоводот „Дружба“.

Во видео порака, Орбан рече дека неодамна разговарал со претседателот на Европскиот совет и со словачкиот премиер Роберт Фицо за блокадата на украинската нафта. Тој нагласи дека Украина мора да го отвори нафтоводот ако сака да добие финансиска поддршка од Брисел.

Орбан додаде дека минатата недела украинската страна не примила унгарски експерти и не учествувала во консултациите, додека отворено одбива да дозволи премин на евтина руска нафта. „Украина ја користи блокадата за да се меша во изборите во Унгарија на страната на партијата Тиса. Од унгарска перспектива, ако нема нафта, нема ни пари“, рече Орбан.

Протокот на руска нафта преку „Дружба“ кон Унгарија и Словачка е прекинат од крајот на јануари. Двете земји тврдат дека нафтоводот може да работи, но Украина не продолжува со испораките.

Исто така, Орбан предупреди дека конфликтот меѓу Иран, САД и Израел може да доведе до зголемена миграција и поскапување на енергијата во Европа. Тој ја истакна потребата од решителни лидери и ја критикуваше западната елита.

Орбан ја повтори својата стратегија за „нулта миграција“ во Унгарија, вклучувајќи огради, полициски патроли и системи за надзор на границите. Премиерот истакна дека брзото мешање на различни цивилизации носи висок ризик и порача дека Унгарија ќе остане христијанска нација.

„Христијанските вредности се клучни за зачувување на културниот и етичкиот идентитет на Европа,“ заклучи Орбан.

CATEGORIES
TAGS
Share This