УЧЕНИЦИТЕ НА ЗИМСКИ ОДМОР Настава продолжува на 20 јануари

УЧЕНИЦИТЕ НА ЗИМСКИ ОДМОР Настава продолжува на 20 јануари

Со завршувањето на наставата денеска, околу 250 илјади ученици од основните и средните училишта низ земјава официјално го започнуваат зимскиот распуст. Учебниот процес ќе продолжи на 20 јануари 2026 година, кога учениците ќе се вратат во училишните клупи за стартот на второто полугодие.

Во продолжението на учебната 2025/2026 година, образовните власти најавуваат интензивирање на активностите за оптимизација на училишната мрежа. Овој процес вклучува рационализација на ресурсите и постепено воведување на едносменска настава, која досега е имплементирана во околу 200 училишта на национално ниво.

Вториот дел од учебната година ќе донесе и новини за матурантите. Во јуни, завршните испити ќе се реализираат според нов концепт на државна матура, прилагоден на видот на образованието што го следат учениците, со цел пофер и пофункционално оценување.

Паралелно со реформите во наставниот процес, најавено е и зголемување на платите за наставниот кадар. Според плановите, наставниците во март треба да добијат покачување во распон од 7,5 до 10 проценти, како дел од мерките за подобрување на условите во образованието.

CATEGORIES
Share This