ЉУБОВ, СОНЦЕ И МОРЕ – Каролина ужива на егзотичен одмор

Блескава и среќна, природната убавина и елеганцијата на Каролина во фокус

ЉУБОВ, СОНЦЕ И МОРЕ – Каролина ужива на егзотичен одмор
Фото: Социјални мрежи

Каролина Гочева повторно ги воодушеви своите следбеници.

Поп-дивата реши да направи пауза од градскиот метеж и да се препушти на вистински тропски рај – Сејшелите. Во друштво на својата голема љубов, сопругот Михаил Корубин, таа ужива во сонцето, тиркизното море и мирот што овие егзотични острови го нудат.

На Инстаграм, Каролина ги почести своите фанови со неколку фотографии кои веднаш привлечеа внимание. На нив, пејачката блеска со својата природна убавина, препознатливата елеганција и совршено обликувано тело, додека зад неа се протегаат магичните пејзажи на Сејшелите и палми, бел песок и кристално чисто море.

Следбениците не ја штедеа пофалбата и коментарите и лајковите се нижаа едни по други, а сите беа согласни: Каролина никогаш не изгледала поопуштено, посреќно и поубаво. Очигледно, љубовта, одморот и магијата на природата ѝ годат совршено.

CATEGORIES
Share This