ЉУБОВ БЕЗ ГОДИНИ – Џоан Колинс посреќна на 93 години од кога било со својот сопруг

На 93 години, Џоан Колинс открива дека љубовта и поддршката од Перси Гибсон се темелот на нејзината среќа.

ЉУБОВ БЕЗ ГОДИНИ – Џоан Колинс посреќна на 93 години од кога било со својот сопруг
Фото: Принтскрин

На 93 години, легендарната британска актерка Џоан Колинс изгледа посреќно и посјајно од кога било. Тајната, како што самата вели, лежи во љубовта и поддршката што ја пронајде кај својот сопруг Перси Гибсон (61).

Колинс неодамна ја одбележа 24-годишнината од бракот со Гибсон и радосниот момент го сподели со своите следбеници на социјалните мрежи. Таа објави фотографија од двојката, направена на венчавката на нејзиниот син Александар Њули во 2025 година, со емотивна порака:

„24 години од свадбата. Ти благодарам, драг Перси, што ми го направи животот прекрасен“, напиша актерката, пренесува Дејли мејл.

Џоан и Перси се венчаа во февруари 2002 година, откако две години претходно се запознале за време на работата на театарската претстава „Љубовни писма“, која Гибсон ја продуцирал. Актерката подоцна изјави дека меѓу нив веднаш се појавила силна поврзаност.

„Тој беше забавен, привлечен и исклучително шармантен. По претставите се дружевме со мојот колега Џорџ Хамилтон и со мојата ќерка Кејти. Иако Перси е речиси три децении помлад од мене, тоа никогаш не било важно и нашето другарство растеше од ден во ден“, раскажа Колинс, додавајќи дека ги споиле заедничките вредности.

Пред Перси, Џоан Колинс имала четири брака. Првиот бил со Максвел Рид во 1952 година, кој завршил по четири години. Во 1963 година се омажила за Ентони Њули, со кого ги има децата Тара и Александар. Следува бракот со Рон Кас во 1972 година, од кој ја има ќерката Катјана, а последниот пред Гибсон бил со Питер Холм, од 1985 до 1987 година.

Актерката во едно интервју за списанието Hello откри дека Перси е нејзината „сродна душа“ и дека токму меѓусебната поддршка е темелот на нивниот среќен брак.

„Тајната е да се поддржувате еден со друг и да прифатите дека ќе има подеми и падови. Нема секогаш да се согласувате, но мора да уживате во заедничкото друштво“, објасни таа.

Колинс истакна дека Перси е исклучително грижлив и трпелив, не само со неа, туку и со нејзините деца и внуци, кои, како што вели, искрено го обожаваат. Тој дури ја придружувал нејзината ќерка Тара до олтарот на нејзината венчавка во 2016 година, бидејќи нејзиниот татко починал во 1999 година.

„Тој секогаш е тука и без разлика дали станува збор за украден компјутер или телефон што завршил во тоалет. Дури и од друга земја, Перси наоѓа начин да реши сè“, заклучи актерката.

CATEGORIES
Share This