УБИСТВО ВО БОГДАНЦИ – Обвинителството излезе со страотни детали
Основното јавно обвинителство Гевгелија отвори истрага за сериозното кривично дело

Основното јавно обвинителство Гевгелија ја донесе Наредбата за спроведување истражна постапка против едно лице од Богданци, осомничено за кривичното дело убиство според член 123, став 2, точки 1 и 2 од Кривичниот законик.
Според објавените информации, на 11 јануари, осомничениот, за време на семејна расправија, на свиреп начин ја лишил од живот сопствената мајка. До инцидентот дошло во станот во Богданци, каде мајката и синот живееле под закуп, по расправија околу лекувањето на осомничениот.
Во текот на расправата, осомничениот земал нож од кујната и и нанел повеќе убоди на мајката во главата и вратот. Откако ножот се скршил, продолжил да ја напаѓа со ножици, а потоа користел и друг нож за сечење зеленчук со шилест дел, со кој ја прободел во вратот. Од серијата убоди жената починала од крварење.
Бидејќи постојат околности што укажуваат на можност осомничениот да се даде во бегство или да влијае врз сведоците, јавниот обвинител предложи против него да биде определена мерка притвор.


