ЈУБИЛЕЈНО 50. ИЗДАНИЕ НА МЛАД ОТВОРЕН ТЕАТАР ПОД МОТОТО „НАШИТЕ ВО СВЕТОТ“ Фестивалот се отвора на 19 ноември со претставата „Лимениот барабан“

Фестивалот ја слави меѓународната видливост на македонската театарска уметност и уметниците кои успешно создаваат надвор од земјата.

ЈУБИЛЕЈНО 50. ИЗДАНИЕ НА МЛАД ОТВОРЕН ТЕАТАР ПОД МОТОТО „НАШИТЕ ВО СВЕТОТ“ Фестивалот се отвора на 19 ноември со претставата „Лимениот барабан“

Јубилејното 50. издание на Млад отворен театар (МОТ) ќе се одржи од 19 до 25 ноември во Скопје, под мотото „Нашите во светот“. Фестивалот ја слави меѓународната видливост на македонската театарска уметност и уметниците кои успешно создаваат надвор од земјата.

Отворањето ќе биде со претставата „Лимениот барабан“ во режија на Васил Христов, а во програмата се вклучени и претстави на режисерите Андреј Цветановски, Ѓорѓи Ризески, Јана Маричиќ, Ана Батева, Совран Нрецај, Искра Шукарова и Агнес Нокшиќи.

Фестивалот ќе заврши со претставата „Мајка храброст и нејзините деца“ во режија на Дејан Пројковски, во изведба на Новосадско позориште. Авторка на годинешниот плакат е Кристина Горовска, а билетите се достапни на www.mot.mk
.

CATEGORIES
Share This