УБЕДЛИВА ПОБЕДА НА ЛАПОРТА – Фонт по вторпат поразен за тронот на Барселона
Гласањето се одржа на 15 март, а Лапорта освои 68% од гласовите, убедливо победувајќи го Виктор Фонт.

Фото: Принтскрин
Жоан Лапорта повторно го освои претседателското место во ФК Барселона, објави прес-службата на клубот.
Гласањето се одржа на 15 март, а конечните резултати беа соопштени ноќеска. Лапорта освои 68,18% од гласовите (32.934), додека неговиот единствен ривал, Виктор Фонт, доби 29,78% (14.385).
Лапорта, кој има 63 години, првпат беше претседател на клубот од 2003 до 2010 година, а потоа од 2021 година го предводи повторно тимот. За време на неговото раководство, Барселона освои шест шпански првенства, три титули во Кралскиот куп, две Лиги на шампиони, еден Суперкуп на УЕФА и едно Светско клупско првенство на ФИФА.
За 53-годишниот Виктор Фонт, ова е втор пораз на претседателските избори, откако претходно загуби од Лапорта во 2021 година.
CATEGORIES Фудбал


