УБАВА ВЕСТ „Изиџет“ воведува сезонски лет од Скопје до Бодрум
Летовите кон Бодрум стартуваат на 2 јули, а кон Сараево на 28 јуни, секој четврток и недела, со еднаш неделно изведување.

Фото: Принтскрин
Нискобуџетната авиокомпанија „Изиџет“ (EasyJet) од следната година ќе воведе нова сезонска авиолинија која директно ќе ги поврзува Скопје и Бодрум, пренесува авијацискиот портал „Екс ју авиејшн“.
Летовите на релација Скопје – Бодрум ќе започнат на 2 јули и ќе се реализираат еднаш неделно, секој четврток.
Истовремено, „Изиџет“ ќе воведе сезонски лет и до Сараево, кој ќе стартува на 28 јуни и ќе се реализира секоја недела.
Ова не е првпат „Изиџет“ да ги опслужува овие дестинации. Во минатото, авиокомпанијата, заедно со „Анадолуџет“, веќе имала летови до Скопје (од 2022 до 2024 година) и до Сараево (од 2021 до 2024 година).
CATEGORIES Бизнис
TAGS Топ вест


