УАПСЕН МАКЕДОНСКИ ПОТЕКЛО ВО АВСТРИЈА Осомничен за планирање терористички напад со бомба

Австриските безбедносни служби уапсија 18-годишен државјанин на Австрија со македонско потекло под сомнение дека планирал терористички напад користејќи експлозивна направа. Апсењето е извршено во регионот Горна Штаерска по информација добиена од странска разузнавачка служба.
Според австриските медиуми, младиот осомничен бил под надзор од средината на месецот откако на интернет покажувал интерес за изработка на експлозиви и напади врз западни цели. Истражителите го идентификувале како потенцијален поддржувач на странска исламистичка терористичка организација.
Апсењето било извршено без отпор во неделата, веднаш по неговото враќање од Македонија, каде што престојувал кај роднини. Јавниот обвинител од Лебен издал наредба за приведување откако биле утврдени конкретни ризици.
Иако осомничениот соработувал со истражителите за време на испрашувањето, негирал дека имал намера да изврши напад. Австриската полиција соопшти дека тој досега не бил познат на безбедносните служби. Истрагата продолжува, а властите најавија дополнителни безбедносни проценки.


