УАПСЕН МАКЕДОНЕЦ ВО АЛБАНИЈА ПО ПОТЕРНИЦА ОД АВСТРИЈА – се товари за трговија со дрога и тешки кривични дела

УАПСЕН МАКЕДОНЕЦ ВО АЛБАНИЈА ПО ПОТЕРНИЦА ОД АВСТРИЈА – се товари за трговија со дрога и тешки кривични дела

Албанската полиција, во рамки на „Операција 54“, уапси македонски државјанин со иницијали М.А. (41) од Скопје, кој бил баран по меѓународна потерница издадена од австриските власти. Тој се товари за низа сериозни кривични дела, вклучувајќи трговија со дрога, опасна закана, тешка изнуда и телесна повреда.

Според официјалното соопштение, лицето било лоцирано и приведено од страна на албанската специјална полиција, по барање на Јавното обвинителство во Инсбрук. При апсењето бил извршен претрес и била пронајдена и запленета марихуана, која ќе биде вклучена во доказниот материјал на истрагата.

Австрискиот кривичен законик предвидува казна затвор до 20 години за делата за кои се сомничи М.А. Во моментов, Интерпол Тирана ги продолжува постапките за негова екстрадиција во соработка со австриските власти.

Ова е втор случај на апсење на македонски државјанин во Албанија овој месец. На 6 јули на граничниот премин „Ќафасан“ беше уапсен А.А. (34) од Кичево, кој исто така бил баран по потерница издадена од Интерпол Берн и е осуден на 20 години затвор за меѓународна трговија со дрога.

CATEGORIES
Share This