УЈП ЗАПОЧНУВА СО ВРАЌАЊЕ НА СОЛИДАРНИОТ ДАНОК – Првата рата за компаниите во март, втората во 2027

Мерката „Мој ДДВ“ останува непроменета, уверува Министерството за финансии

УЈП ЗАПОЧНУВА СО ВРАЌАЊЕ НА СОЛИДАРНИОТ ДАНОК – Првата рата за компаниите во март, втората во 2027
Фото: Архива

Граѓаните можат да бидат спокојни – мерката „Мој ДДВ“ останува непроменета и исплатите ќе продолжат со исто темпо. Иако директорката на УЈП вчера изрази дилеми околу ефектите од мерката, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска јасно порача дека во Министерството не се водат никакви разговори за измени во законот.

„Во Министерството нема пристигнато ниту извештај, ниту предлог за каква било промена. Напротив, сè продолжува како што функционираше досега“, истакна министерката.

Таа најави и позитивни вести за приватниот сектор. Компаниите ќе ја добијат првата рата од враќањето на солидарниот данок во март оваа година, а следната исплата е предвидена за март 2027. Во меѓувреме, УЈП ќе ги објави потребните обрасци на својата веб-страница, по што фирмите ќе може да аплицираат и да ги добијат средствата.

CATEGORIES
TAGS
Share This