УЈП – во 2025 година собрани скоро 4,5, милијарди евра во буџетот
УЈП продолжува со активности за ефикасно и транспарентно собирање на јавните приходи во 2026

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека во 2025 година во националниот буџет се собрани 4,426 милијарди евра од даноци и социјални придонеси, што е 308,3 милиони евра повеќе во однос на 2024 година.
Од вкупниот износ, даночните приходи изнесуваат 2,334 милијарди евра, со раст од 7,5% или 163,2 милиони евра повеќе од лани. Порастот е континуиран во текот на целата година, со посилен тренд во втората половина, кога е реализиран околу 80% од годишниот раст.
Земено по одделни ставки ДДВ расте поради стабилна наплата на данокот за промет во земјата, со месечен пораст од 10 до 13%, данокот на добивка бележи пораст од над 30%, пред сè поради повисоки аконтативни плаќања и зголемена наплата на задржани даноци од дивиденди и други приходи кон странски партнери додека кај данокот на личен доход најголемо учество има данокот на плати со вкупен пораст над 10%, а висок раст е забележан и кај доходите од договорни услуги, земјоделство и самостојна дејност.
Социјалните придонеси достигнале 2,092 милиони евра, што е 145,2 милиони евра повеќе од претходната година, исто така со раст од 7,5%.
УЈП го потенцира засиленото и навремено собирање на обврските, раното интервенирање и доследната примена на законските мерки како главни причини за позитивните резултати.
Во 2026 година, УЈП најавува продолжување на активностите за ефикасно, правично и транспарентно собирање на јавните приходи.


