УЈП ГИ ОБЈАВИ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД КОНТРОЛИТЕ ЗА ФИСКАЛИЗАЦИЈА Кај секоја четврта контрола биле утврдени неправилности
Поради прекршувања биле изречени 3.200 глоби во вредност од околу 1,4 милиони евра, покренати 18 прекршочни постапки и запечатени 120 објекти.

Управа за јавни приходи објави резултати од контролите за фискализација во 2025 година, спроведени во рамки на кампањата „Стоп на нерегистриран промет“. Извршени се 6.342 контроли, а кај секоја четврта биле утврдени неправилности.
Најмногу контроли имало во Тетово (1.427) и Скопје (1.362). Поради прекршувања биле изречени 3.200 глоби во вредност од околу 1,4 милиони евра, покренати 18 прекршочни постапки и запечатени 120 објекти.
Институцијата спровела и 4.200 советодавни посети на даночни обврзници, а најчести неправилности се проблеми со фискалните уреди, неуплатен дневен промет и неправилна примена на ДДВ. Од УЈП најавуваат нови мерки против нерегистрираниот промет во 2026 година.
CATEGORIES Бизнис


