УЈП ГИ ЧЕШЛА ПРИХОДИТЕ ОД СТРАНСТВО Илјадници граѓани добија решенија за данок

Контролите на УЈП покажуваат растечки тренд на непријавен доход од странство

УЈП ГИ ЧЕШЛА ПРИХОДИТЕ ОД СТРАНСТВО Илјадници граѓани добија решенија за данок
Фото: Принтскрин

Управата за јавни приходи (УЈП) започна проверки на приливите од странство кај нашите граѓани, како оние кои работат директно за странски компании, така и оние кои остваруваат приходи преку фриленс, изнајмување на имот или други форми на доход. Првата фаза се однесува на периодот од јуни до декември 2020 година, а наскоро ќе се проверуваат и приходите од 2021 година до денес.

Граѓани се изненадени што добиле решенија за плаќање данок за 2020 година. Од УЈП потврдуваат дека контролите покажале дека околу 4.000 физички лица не го пријавиле или платиле данокот на остварените приходи за наведениот период.

Целта на УЈП е граѓаните доброволно да се усогласат и да поднесат електронски пресметки. До сега 462 лица доброволно пријавиле данок во износ од 3.925.678 денари (63.832 евра), а има платен данок: 2.592.483 денари (42.154 евра) доека пак, УЈП утврди данок за 48 лица во износ од 349.193 денари (5.677 евра)

Директорката на УЈП, Елена Петрова, истакна дека дел од пониската наплата на персоналниот данок за 2025 година се должи и на граѓаните кои времено работат во странство. Тие, ако се даночни обврзници во Македонија, треба да платат 10% данок на своите приходи.

На оданочување од странство подлежат: Приходи од работа – плата, хонорари, фриленс, интелектуални услуги, приходи од закуп на имот, вклучително преку платформи како Airbnb и Booking.com, капитални добивки: продажба на имот, криптовалути, хартии од вредност, приходи од капитал: дивиденди, камати и други финансиски приходи, авторски права и добивки од игри на среќа и друг вид доход

Приливи кои не подлежат на данок се подароци, семејна поддршка и трансфери преку сервиси како Western Union, Ria, MoneyGram

CATEGORIES
TAGS
Share This